Европскиот и шпански фудбалски шампион Реал Мадрид со 2-1 го победи Челси во пријателскиот натпревар одигран во Шарлот, САД.
Резултатот беше отворен во 19. минута и Реал Мадрид поведе со гол на Лукас Васкез. Осум минути подоцна веќе беше 2-0, а стрелец на погодокот беше Брахим Диаз.
На пет минути до крајот на првото полувреме Мадуеке реализираше со глава и намали на 2-1 на крајот што се испостави како конечен резултат.