На фантастичниот Национален стадион во Варшава, пред преполни трибини, Реал Мадрид вечерва рутински ја совлада Аталанта во европскиот Супер Куп и по рекорден шести пат стигна до пехарот од овој натпревар.
„Кралскиот клуб“ го покажа сиот раскош со неверојатното трио Белингем-Винисиус-Мбапе но Бергамашите добро се бранеа во првиот дел а создадоа и по некоја контра за да го загреат Куртоа.
Првиот дел заврши без голови, а Реал прв го скрши мразот во 58′ минута преку Феде Валверде:
Набрзо и Килијан Мбапе го постигна својот првенец во Реал, на своето деби, во 68′ минута за 2-0: