Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот.
Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу.
Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече.
Рабио и Роу, според француските медиуми се степале во соблекувалната по натпреварот, поради што клубот донесе одлука да ги стави двајцата на трансфер листата, наведувајќи во соопштение дека тоа е „неприфатливо однесување“.