Лучијано Спалети најави разговори со Италијанската фудбалска федерација во врска со неговата иднина во репрезентацијата.
Во меѓувреме, медиумите во Италија, веќе шпекулираат со имиња кои би можеле да го наследат. Еден од нив е легендарниот Клаудио Раниери, кој неодамна се пензионираше, но, како што стојат работите, би можел повторно да се активира – овојпат како селектор на националниот тим, што е негова стара желба.
Раниери (73) неодамна си замина од кормилото на Рома, отстапувајќи место на Џанпјеро Гасперини, и беше назначен за главен советник на сопственикот на клубот. Сепак, идејата да ја води Италија би можела да биде доволно привлечна да се врати на теренот.
Покрај Раниери, кандидати се и Даниеле Де Роси, негов поранешен играч во Рома, кој веќе има селекторско искуство, Стефано Пиоли, кој се очекува да си замине од Ал-Наср и е фаворит за нов тренер на Фиорентина, но во исто време е прв фаворит и за селекторската позиција.