За две недели, Серхио Рамос ќе стане слободен играч. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севиља во која се врати минатата сезона.
Рамос важи за еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севиља и одигра 37 натпревари во кои постигна седум голови и еднаш асистираше за 3301 минути поминати на теренот.
Кариерата Рамос ја започна во Севиља во 1996 година, а во 2005 година премина во Реал Мадрид. Дресот на „кралевите“ го носеше до 2021 година кога премина во ПСЖ. За репрезентацијата на Шпанија одигра 180 натпревари и постигна 23 гола.
Во кариерата освои се што можеше да се освои, а за Реал Мадрид на 671 натпревар постигна 101 гол и ја освои Лигата на шампионите. Со Шпанија двапати беше европски шампион и еднаш светски.