Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг се пресели во лондонски Арсенал на едногодишна позајмица во финишот на летниот преоден рок.
Стерлинг кој настапуваше за Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, вели дека потпишувањето за Арсенал е перфектно за него во иднина.
„Потпишувањето за Арсенал е навистина неверојатно чувство. Се ежам. Ова е перфектно за мене. Гледате глад во овие фудбалери, заедништво, сакам да сум во таков тим. Ќе го видите најдоброто од мене“, вели Стерлинг.