Фудбал

ПСЖ тргнува по играчот на Баерн

Доколку двете страни не постигнат договор, можно е да се случи Упамекано да биде мета и на некоја од екипите од Премиер лигата.

ПСЖ тргнува по играчот на Баерн

Европскиот шампион ПСЖ подготвува терен за купување на ново засилување. Дајот Упамекано сè уште го нема продолжено договорот со својот клуб Баерн Минхен. Договорот истекува летово и многу лесно може да се случи играчот да замине од клубот.

Доколку двете страни не постигнат договор, можно е да се случи Упамекано да биде мета и на некоја од екипите од Премиер лигата.

Во случај Упамекано да не постигне договор со Баерн и влезе во последните шест месеци од актуелниот договор играчот има право да преговара со други клубови.  (МИА)

To top