Фудбал

ПСЖ му понуди нов договор на Луис Енрике

ПСЖ му понуди нов договор на Луис Енрике

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ќе го продолжи договорот со тренерот Луис Енрике. Според париските медиуми преговорите меѓу клубот и тренерот уште не започнале, но се забележува дека двете страни сакаат да ја продолжат соработката.

Преговорите ќе започнат во текот на тековната сезона, а актуелниот договор со Шпанецот истекува во јули 2025 година.

Луис Енрике го презеде ПСЖ во летото 2023 година. Во текот на првата година во клубот освои три трофеи и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

To top