Фудбал

ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите?

ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите?

На францускиот гигант Пари Сен Жермен му се заканува исфрлување од Лигата на шампионите поради поранешниот фудбалер Килијан Мбапе, пренесува „Л’Eкип“.

Клубовите според правилата на УЕФА до 15 јануари мораат да достават документација со кој потврдуваат дека немаат долгови кон своите вработени. Поради тоа ПСЖ се соочува со проблем бидејќи одбива да го исплати бонусот кој Мбапе смета дека го заслужил.

ПСЖ со месеци води судски спор со францускиот репрезентација кој од својот поранешен клуб бара околу 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси.

Мбапе веќе победи во два судски спора пред судовите во Франција, но ПСЖ и понатаму одбива да ја плати сумата. Поради тоа доколку УЕФА утврди дека ПСЖ ги крши правилата нивното тело за финансика контрола би можело да побара веднаш да се исплатат парите на Мбапе или во спротивно не би им се дозволило учество во Лигата на шампионите.

To top