Фудбал Со одлука на францускиот суд

ПСЖ мора да му исплати на Мбапе 60 милиони евра

Судот донесе одлука дека Мбапе треба да ја добие само сумата на средствата кои не му биле исплатени, а било утврдено дека ПСЖ не исплатил три плати од април до јуни 2024, како и бонуси според договорот.

ПСЖ мора да му исплати на Мбапе 60 милиони евра

Со одлука на францускиот суд европскиот првак ПСЖ е обврзан на својот поранешен играч Килијан Мбапе да му исплати 60 милиони евра. Таа сума е врз основа на неисплатени плати и бонуси.

Мбапе побаруваше 263 милиони евра, а ПСЖ возврати со тужба. Фудбалерот побаруваше од клубот 55 милиони евра неисплатени плати, како и дополнителна отшетата подари кршење на договорот и лошиот третман од клубот. Клубот (ПСЖ) возврати со тужба да нереализиран трансфер во 2023 година во клубот од Саудиска Арабија во висина од 240 милиони евра, за трансфер кој требал да изнесува 300 милиони евра.

Судот донесе одлука дека Мбапе треба да ја добие само сумата на средствата кои не му биле исплатени, а било утврдено дека ПСЖ не исплатил три плати од април до јуни 2024, како и бонуси според договорот.

Во летото 2024 година Мбапе како слободен играч замина од ПСЖ во екипата на Реал Мадрид. (МИА)

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top