ПСЖ најбогатиот клуб во Франција го купи Гонзало Рамош и со него е потпишан договор до 2028 година. Цената е 80 милиони евра за актуелниот репрезентативец на Португалија.
Интересно е тоа што Рамош изминатото лето дојде во Париз како позајмен играч на Бенфика со можност да се откупи клаузулата од договорот.
Иако искрено Рамош и не се прослави на “Паркот на принцовите“ во изминатите три месеци, сепак ПСЖ одлучи да го има во своите редови во наредните пет години.