Фудбал

ПСЖ и Луис Енрике го продолжија договорот

ПСЖ и Луис Енрике го продолжија договорот

Сè уште не е познато колку долго шпанскиот стратег Луис Енрике ќе го води францускиот гигант, но тој го водеше тимот низ тежок период и избори пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите со победите над Манчестер Сити и Штутгарт.

Нов договор со клубот ќе потпише и Нуно Мендеш. Двете страни имаа несогласувања околу платата на Португалецот, но неодамна ги усогласија ставовите. Тој ќе остане во ПСЖ до 2029 година. Мендеш ќе биде еден од десетте најплатени играчи на тимот, со тоа што дел од неговата плата ќе биде фиксна, а другиот во зависност од бројот на натпревари што ќе ги одигра.

Се очекува Ахраф Хакими и Витиња, исто така, да потпишат нови договори, а тинејџерот Ибрахим Мбаје да го потпише својот прв професионален договор со клубот

To top