Фудбал

Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.

Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.

Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра. Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.

To top