Рафаел Леао сепак неам да му помогне на Милан на гостувањето против Аталанта во обид „росонерите“ да стигнат до триумф на гостински терен и да се приближат до водечките екипи на табелата.
Португалецот тренираше со остатокот од тимот во последните денови откако ги надмина проблемите со повредата на мускулот, но тренерот Пиоли по консултациите со медицинскиот тим сепак реши Леао да не патува со остатокот од тимот за Бергамо.
Имено, ризикот од нова повреда е причината поради која „росонерите“ не сакаат тој да настапи на дерби-дуелот со Аталанта, особено ако се знае дека за неколку дена Милан го очекува клучниот меч од Лигата на Шампионите на гостински терен против Њукасл.
Португалскиот офанзивец е најавен како стартер за овој натпревар, а што се однесува до мечот со Аталанта, голем плус за Пиоли е враќањето на Оливие Жиру, кој ја одлежа суспензијата од два меча.