Англискиот фудбалер Букајо Сака заработи повреда при поразот од Грција со 2-1 во Лондон во натпревар од Лигатата на Нации.
Играчот беше изваден од игра во 51. минута заради силни болки во задниот дел на десната нога и почна да потскокнува.
Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, по натпреварот призна дека фудбалерот беше заменет поради повреда, а на негово место на терен влезе Нони Мадуеке.
Настапот на Букајо Сака на следниот натпревар на Арсенал во Премиер лигата против Борнмут на 19 октомври е под знак прашалник.