Фудбал

Проблем за Наполи, Осимен сака да си оди

Проблем за Наполи, Осимен сака да си оди

Спортскиот директор Џовани Мана, призна дека најдобриот фудбалер на оваа екипа Виктор Осимен изразил желба да го напушти клубот ова лето.

„Виктор сака да замине. Имаме играчи во тимот кои можат да го заменат. Осимен е одличен играч, но сакаме да му дадеме приоритет на тимот. Ќе видиме што ќе се случи во наредните 20 дена“, изјави Мана.

За Осимен интерес покажуваат неколку европски гиганти, но никој не е спремен да ја плати сумата од 120 милиони колку што бара Наполи.

To top