Фудбалерот за врска на Астон вила, Јури Тилеманс, поради повреда ќе биде надвор од терените околу десет недели, објави „Би-би-си“.
Дваесет и осумгодишниот Белгиец заработи повреда на зглобот во победата од 2-0 против Њукасл во неделата, а лекарските прегледи покажаа дека е малку веројатно е да се врати во игра пред април.
Ова е последниот проблем со повреди за играчите во средниот ред за тимот на Унаи Емери, откако Џон Мекин остана надвор од тимот за два месеца, а минатата недела беше потврдено дека Бубакар Камара нема да игра до крајот на сезоната.