Поранешниот француски репрезентативец, Пол Погба, доби намалување на суспензијата поради користење допинг и се очекува да се врати на фудбалските терени во март следната година.
Иако е под договор со Јувентус, јасно е дека „бјанконерите“ нема да му дадат шанса во тимот, а на негова адреса веќе стигнаа првите две понуди за договор, кои Побга експресно ги одбил.
Се работи за два неименувани клуба од руската Премиер лига, а медиумите во оваа земја пишуваат дека еден од нив најверојатно е ЦСКА од Москва.