Во второто полувреме од натпреварот помеѓу Истанбулспор и Трабзонспор на македонскиот репрезентативец Енис Барди, претседателот на домашната екипа им нареди на играчите да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Наводно, причината е недосуден пенал.
Спорен детал кога домашните побараа пенал, кој не беше досуден, а недолго потоа Трабзон постигна гол.
Натпреварот беше прекинат во 79 минута при резултат 1:2 за Трабзонспор и фудбалерите на Истанбулспор немаа намера да се вратат на теренот.
Барди на овој меч настапи од 66 минута како замена за Абдулкадир Онур.