Македонската сениорска фудбалска репрезентација во сабота ќе го одигра првиот меч во новото издание во фудбалската Лига на нации меч кој ќе се одигра во Торшавн против Фарски Острови.
Истата е закажана за 15 часот, а УЕФА го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на ова соочување.
Се работи за 32-годишниот Манфредас Лукјанчукас од Литванија кој летово беше активен во европските купови и судеше во квалификациите за Лига Европа и Конференциската Лига, односно пресметките Рапид Виена-Трабзонспор и Марибор-Дјугарден.
На Манфредас ќе му помагаат сонародниците Мангирдас Мираускас и Александрас Степановас, додека четврти судија ќе биде Вилиус Пауласкас.