Барселона вчера не успеа да го победи Атлетик Билбао во Ла Лига, а Чави остана без Педри и Де Јонг.
Двајцата фудбалери од средниот ред беа заменети поради повреда. Педри дури и плачеше во моментите на замена и подоцна кога беше на клупата.
Де Јонг заработи повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб, а шпанските медиуми истакнуваат дека холандскиот фудбалер ќе отсуствува најмалку четири недели.
Педри ќе мора да мирува најмалку шест недели поради повреди на мускулот на десната надколеница.