Репрезентацијата Босна и Херцеговина немаше среќа да се најде таму. Имаа вечерва на домашен терен предност од 57. минута со автогол на Матвиенко, но го загубија во самиот финиш од натпреварот.
Украина со голови на Јеремчук во 85. минута и Довбик три минути подоцна направи комплетен пресврт и победи со 2-1.
Во финалето од баражот од дивизија Б Украина ќе игра против Исланд кој со 4-1 славеше против Израел.
Полска со убедливи 5-1 ја растури Естонија и ќе игра финале против Велс кој со 4-1 беше подобар од Финска.
Грција лесно се справи Казахстан и славеше победа со 5-0. Во финалето противник на Грција ќе биде Грузија која го совлада Луксембург со 2:0.
Бараж за пласман на ЕП финале:
Велс – Полска
Украина – Исланд
Грузија – Грција