Фудбал

Познати се полуфиналните парови во ФА Купот

Познати се полуфиналните парови во ФА Купот

Познати се полуфиналните двојки во ФА Купот, каде четири екипи ќе се борат за место во големото финале.

Во првото полуфинале ќе се соочат Челзи и Лидс Јунајтед, во дуел кој ветува неизвесност и голема борба за пласман во завршницата.

Второто полуфинале носи пресметка меѓу актуелниот шампион Манчестер Сити и Саутемптон каде „граѓаните“ ќе ја имаат улогата на фаворити, но куп-натпреварите честопати знаат да донесат изненадувања.

Двата натпревари ќе одлучат кои екипи ќе се борат за трофејот во едно од најпрестижните натпреварувања во англискиот фудбал. Мечевите ќе се играат на 25/26 април.

To top