Фудбал

Познати се паровите од првото коло во новата сезона од Премиерлигата

Познати се паровите од првото коло во новата сезона од Премиерлигата

Познати се паровите за првото коло од новата сезона во англиската Премиерлига.

Шампионот Манчестер Сити ќе има интересно гостување кај Челси, додека второпласираниот Арсенал од претходната сезона, поход кон титула ќе почнат со дуелот на домашен терен против Волверхемптон.

Од позвучните имиња во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го пречека составот на Фулам, додека Ливерпул ќе гостува кај Ипсвич.Тотенхем ќе гостува кај повратникот во лигата, тимот на Лестер, додека Вест Хем ја пречекува екипата на Унаи Емери, Астон Вила.

Останатите двојки од првото коло:

Њукасл – Саутемптон
Евертон – Брајтон
Нотингем Форест – Борнмаут
Брентфорд – Кристал Палас

To top