На „ВЕЛТИНС арената“ во Гелзенкирхен, Англија ја победи Србија со 1:0 во првото коло од групата Ц. Стрелец на победничкиот гол беше Џуд Белингем во 13. минута. Иако Англија влезе во натпреварот како големи фаворити, освен голот што го постигнаа во раната фаза и пречката на Кејн во 77. минута, не видовме ништо од нив.
Српскиот капитен Душан Тадиќ по натпреварот даде коментар за контроверзната одлука на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси.
“Не е повреда, туку дел од тактиката. Сакав да го поштедам. Знаев дека вториот дел ќе биде одлучувачки. Го сакав свеж, тоа беше дел од тактичкиот план”, изјави Пикси за Арена Спорт по натпреварот на прашањето зошто Тадиќ беше внесен во игра дури по еден час.
“Разговарав со селекторот, се разбира, имаме добра комуникација. Тешко го прифатив тоа бидејќи натпреварот е против Англија. Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим, без лажна скромност, се разбира, мислам дека требаше да започнам, но ја почитувам одлуката на тренерот. Можев многу повеќе да наравам ако играв 90 минути. Ако сака Душан Тадиќ да игра 30 минути, јас ќе играм. Секако дека би сакал да одиграм 90, но ја почитувам одлуката“, изјави Тадиќ.