Фудбал

Порака од Иран:“Ќе играме на Мундијалот и поради 100-те убиени девојчиња“!

Порака од Иран:“Ќе играме на Мундијалот и поради 100-те убиени девојчиња“!

Фудбалската репрезентација на Иран се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во текот на летото.

Во претходните денови имаше стравувања дека Иранците ќе се повлечат од турнирот, откако САД и Израел започнаа напад, по што следеше одговор во форма на бомбардирање на американските бази во сите земји од регионот.

Поради ова, на Блискиот Исток владее целосен хаос, последиците веќе ги почувствува Евролигата, а дали ќе ги почувствува и фудбалскиот свет? Првичните информации беа дека Иран ќе се повлече од турнирот, за време на кој сите три натпревари од групната фаза требаше да се играат на американска територија, но… Се чини дека Иран размислува и за пркосен настап на најголемото фудбалско шоу.

Иран ќе оди на Светското првенство. Имаме целосно право да бидеме таму. Ова се тешки времиња и сакаме да им оддадеме почит на нашите луѓе и на 100-те девојчиња кои беа убиени. Сите невини деца кои ги загубија своите животи“, рече амбасадорот на Иран во Шпанија, Реза Забиб, и истакна дека не го интересира тоа дека мечевите на Иран би се играле во САД:

Немам проблем со тоа, ќе одиме“.

Ова е прва потврда дека Иран ќе се појави на Светското првенство, што автоматски би значело дека ФИФА не мора да бара селекција за да ја замени една од најдобрите азиски репрезентации.

Во претходните денови се шпекулираше дека Ирак би можел директно да се квалификува, без плејофот во кој беше пласиран, или дека местото на турнирот би можело да го освојат Обединетите Арапски Емирати.

Сега се чини дека нема да има место за нив, бидејќи Иранците сакаат гордо да го покажат своето знаме, химна и грб пред целиот свет. И покрај тоа што нивните натпревари се играат во САД, Иран сака да учествува на Светското првенство на ФИФА.

Ако ништо друго, барем да им оддадеме почит на убиените девојки на овој начин, нагласува амбасадорот Реза Забиб.

To top