Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е подготвен да оствари еден од своите фудбалски соништа, а тоа е да настапи во Лигата на шампиони.
Миовски со својата Џирона, в среда гостува кај францускиот првак Пари Сен Жермен, а ова ќе биде прв меч и за каталонскиот тим во елитното европско натпреварување на УЕФА.
На официјалниот профил на Жирона, беше истакната порака која вели „Бојан е подготвен“.