Фудбал

Поради снегот одложени се два меча од 16.коло во Бундеслигата!

Поради снегот одложени се два меча од 16.коло во Бундеслигата!

Снегот прави хаос во Германија. Токму затоа, според официјалните информации од раководството на Бундеслигата, одложени се два меча од 16.коло.

Станува збор за натпреварите Санкт Паули – РБ Лајпциг и Вердер Бремен – Хофенхајм. Стадионите во Хамбург и Бремен се покриени со снег, поради што не се исполнети условите за одигрување на натпреварите.

И двата натпревари ќе добијат нови датуми кои ќе бидат објавени подоцна.

Вториот дел од сезоната во германското првенство започнува вечерва во 20:30 часот со дуел во Франкфурт, во кој се среќаваат Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд. По 15 одиграни кола, Баерн Минхен е водечки, со девет бода предност пред второпласираниот Дортмунд.

До крајот на сезоната остануваат 19 кола, а финалето е закажано за 16 мај.

To top