Клубовите од Премиер лигата се договорија од следната сезона за прв пат во англиската елита да се користи полуавтоматска технологија за одредување офсајди.
Истиот систем веќе се применува на натпреварите од Лигата на шампионите и Серија А, а се користеше и на последното Светско првенство. Ќе се користи и за време на финалето на Евро 2024 година.
Според пресметките, оваа технологија ќе го намали просечното времетраење на проверките за офсајд со ВАР за 31 секунда.
Премиерлигата соопшти дека системот ќе биде воведен по која било од двете есенски паузи за репрезентациите – најрано во септември и најдоцна ноември. 3Д автоматизирани слики ќе бидат прикажани на огромни екрани на стадионите за да можат да ги видат и навивачите.
-Технологијата ќе обезбеди побрзо и поконзистентно поставување на виртуелната линија на допир, базирана на оптичко следење на играчите и ќе обезбеди висококвалитетна графика за емитување за да обезбеди подобрено искуство за поддржувачите и на стадионот и оние кои гледаат на телевизиски пренос, се вели во соопштението.