Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, изјави дека негова желба е еден ден да се врати во Премиер лигата и Лигата на шампиони.
Аргентинскиот стратег се подготвува да ја предводи американската репрезентација на Светското првенство следната година, кое заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико, но посочи дека неговите долгорочни амбиции се да се врати во елитниот европски клупски фудбал.
„Премиер лигата е најдобрата во светот. Секако дека ми недостасува. Многу сум среќен во САД, но секогаш размислувам за враќање еден ден. Тоа е најсилната лига и секако би сакал повторно да се вратам“, рече Покетино.
Аргентинскиот стратег, кој во минатото ги предвидеше Тотенхем, ПСЖ и Челзи, додаде дека има желба во кариерата да освои трофеј во Англија и Лигата на шампиони.
„Бевме толку блиску со Тотенхем. Сакам да го постигнам тоа. Сè уште сум млад, имам енергија, искуство и мотивација да го пробам тоа во иднина“, рече Покетино.