Фудбал

Покетино го напушти Челси

Покетино го напушти Челси

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челси. Претходно денеска, аргентинскиот стручњак имаше средба со спортските директори Пол Винстанли и Лоренс Стјуарт каде беше одлучено двете страни да се разделат со заедничка согласност. Се очекува официјалното соопштение со кое клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја потврди веста.

Новинарот Мет Лоу од „Телеграф“ пишува дека на средбата бил присутен и косопственикот на Челси, Бехдад Егбали. Се разговарало за настапот на тимот во текот на сезоната и бил донесен заклучок дека најдобро е Покетино да си замине.

„Сините“ веднаш ќе ја започнат потрагата по нов тренер, со веќе утврдени конкретни имиња. Меѓу нив се Себастијан Хенес, Мичел, Киеран Мекена и Енцо Мареска.

Под водство на поранешниот дефанзивец, Челси заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди учество во Конференциската лига. Сепак, тимот може да обезбеди квота во Лига Европа доколку Манчестер Сити победи во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

To top