Фудбал 2,7 милиони навивачи

Почна одбројувањето до старт на ЕВРО2024

„Никогаш не можеме да гарантираме 100% безбедност“, рече гувернерот на Северна Рајна – Вестфалија, Херберт Реул, но додаде „Можеме да се подготвиме најдобро што можеме“.

Почна одбројувањето до старт на ЕВРО2024

Одбројувањето до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија влезе во последната недела пред воведниот дуел меѓу домаќинот и Шкотска, на 14 јуни во Минхен.

По последното ЕВРО2020, кое беше одложено за една година, а се одржа во време на пандемија на коронавирусот и во дури 11 земји и 11 градови, овогодишното издание повторно ќе биде во една земја, а натпреварите ќе се играат во десет германски градови.

ЕВРО2024 се одржува во напната глобална клима со воени конфликти во Украина и на Блискиот Исток и затоа безбедноста е „главен приоритет“ за домаќините.

Германците се подготвуваат за „сите можни сценарија“, од тероризам, хулиганство и сајбер напади.
Формиран е привремен полициски центар во Северна Рајна-Вестфалија, каде се наоѓаат четири од десетте стадиони на кои се одржуваат натпреварите.

„Никогаш не можеме да гарантираме 100% безбедност“, рече гувернерот на Северна Рајна – Вестфалија, Херберт Реул, но додаде „Можеме да се подготвиме најдобро што можеме“.

Безбедносните сили ќе имаат задача да заштитат околу 2,7 милиони навивачи, 24 базни кампови на репрезентациите низ целата земја и 10 стадиони на кои ќе се одиграат 51 натпревари помеѓу 14 јуни и 14 јули. Исто така, се очекува фан зоните да привлечат околу 12 милиони посетители.

Шампионската титула ќе ја брани Италија, која во финалето на Вембли ја победи Англија со 3-2 по изведувањето пенали. Тоа беше втора титула за Италијанците по славјето во 1968 година. (МИА)

To top