Луиџи Рива, еден од најдобрите фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал, почина на 79-годишна возраст, јавуваат медиумите од Апенините.
Рива е најдобриот стрелец на Италија во историјата! Фудбалска икона која остана запишана со златни букви во историјата на италијанскиот фудбал.
За Каљари одигра 374 натпревари и постигна неверојатни 207 гола. Со Италија го освои Европското првенство во 1968 година, а потоа и среброто на Светското првенство две години подоцна. Во дресот на Аѕурите одигра 42 натпревари и постигна 35 голови.
Цели 25 години ја извршуваше функцијата директор на италијанската репрезентација.
Italian football legend Gigi Riva has passed away aged 79.
Top scorer for the Italian national team, more than a symbol for Cagliari and Sardegna.
Rest in peace, Gigi. ❤️🕊️ pic.twitter.com/47bCQwfXme
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 22, 2024