Фудбал

По повод празникот 23-октомври: Вардар ги отвара вратите на Арената за љубителите на фудбалот за мечот со ФК Тиквеш

По повод празникот 23-октомври: Вардар ги отвара вратите на Арената за љубителите на фудбалот за мечот со ФК Тиквеш

ФК Вардар со мечот против Тиквеш од 1/8 финалето од Купот на Македонија во среда ќе може бесплатно да се следи на Арената “Тодор Проески“.

Поводот е празникот 23-октомври Денот на Македонската револуционерна борба.

Во соопштението на ФК Вардар по тој повод се вели:

По повод 23-октомври Денот на МАКЕДОНСКАТА револуционерна борба, АД ФК Вардар ги отвара вратите од Арената Тодор Проески за љубителите на фудбалот бесплатно да може да го проследат натшреварот од осминафиналето на Купот на Македонија Вардар – Тиквеш. Капиите на стадионот ќе бидат отворени од 12.00 часот, натпреварот започнува во 14.00 часот“

To top