Манчестер Јунајтед одигра под секое ниво на гостувањето кај Кристал Палас, каде загубија со 4:0, резултат кој на најдобар начин ја отсликува нивната сезона.
Ако до пред некое време сметаа дека со Дејвид Мојс ја имаа најслабата сезона (седмопласирани), сега тоа го достигнаа и го натфрлија со Ерик Тен Хаг. Јунајтед по ова коло ќе биде на 8. позиција.
Тоа нималку не е на ниво за Јунајтед, но по мечот фановите на клубот покажаа дека се карактер и дека дури и при еден ваков пораз, не го напуштија стадионот, па им ракоплескаа на играчите кои одиграа срамно, додека Тен Хаг без поздрав го напушти теренот и се упати кон соблекувалните.
По мечот, на пресот следуваа низа прашања за Тен Хаг, а едно од првите беше дали смета дека се уште е вистинскиот менаџер за Јунајтед, тој на тоа одговори со „апсолутно“.
На овој натпревар требаше да се бориме како што тоа го правеа нашите фанови, не бодреа до самиот крај и при пораз останаа на трибини. Тимот го подготвив најдобро што можам, но не беше доволно. Морам да сносам одговорност по ваков пораз, но ќе се бориме до крај. Ваков пораз не може да симнете на еден играч и да го покажете со прст, ова е дел од тимските перформанси, порача Тен Хаг на пресконференцијата.