Фудбал

По 23 години, Даниел Леви повеќе не е прв човек на Тотенхем!

По 23 години, Даниел Леви повеќе не е прв човек на Тотенхем!

Даниел Леви човекот кој повеќе од две децении беше синоним за Тотенхем, повеќе не е на чело на клубот.

По 23 години како претседател, тој е сменет од функцијата, со што се става крај на една од најдолготрајните и најконтроверзните ери во модерниот фудбал.

Оваа одлука, донесена од сопствениците на клубот, семејството Луис, отвора ново поглавје за “спарси”, поглавје исполнето со големи ветувања, но и со многу прашалници.

Новиот извршен директор, Винаи Венкатешам, во своето прво обраќање до јавноста, се обиде да ги разјасни работите.

To top