Фудбал

ПМФЛ: Вардар поразен од Шкеднија, Шкупи и Струга загубија бодови

ПМФЛ: Вардар поразен од Шкеднија, Шкупи и Струга загубија бодови

Тетовска Шкендија без поголеми проблеми го совлада Вардар во дербито под Шара. До крајот на првото полувреме Чинари даде два гола за водство на Шкендија од 2-0.

По десетина минути игра во вториот дел Дита ги постави конечните 3-0.Шкендија профитираше во ова коло бидејќи Струга одигра 0-0 на гостувањето кај Силекс, а Шкупи во Чаир не го победи Тиквеш, и тој меч заврши без голови.

Сега на врвот Шкупи е прв само со бод повеќе од Струга и Шкендија.Воска оствари голема победа во борбата за опстанок откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП. Тоа беше деби триумф за Захариевски во новиот клуб.

Работнички со 2-0 ја совлада Брегалница, со истиот резултат Гостивар беше подобар од Брера.

Резултати 21. коло:

Шкендија – Вардар 3-0

Шкупи – Тиквеш 0-0

Силекс – Струга 0-0

Работнички – Брегалница 2-0

Македонија ЃП – Воска 1-2

Гостивар – Брера 2-0

Табела: Шкупи 43, Струга 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18

To top