Натпреварите во ПМФЛ кои се одиграа во терминот од 13:00 часот не донесоа премногу голови, со исклучок на мечот во Скопје на кој видовме пет гола.
Работнички ја прекина серијата од четири меча без победа и се врати на стариот пат со триумф од 4:1 над Беса, додека триумфи остварија и разиграните Гостивар и Силекс.
Гостивар како актуелен лидер на табелата со минимален резултат го совлада Тиквеш на домашен терен, а кратовчани беа поуспешни како гости кај Шкупи со 0:2.
Силекс покажа дека е во извонредна форма и го освои Чаир благодарение на головите на Додев во првото полувреме, додека единствениот гол за Гостивар денеска беше дело на Машике во 84-та минута.
Тоа беше доволно да се скрши отпорот на Тиквеш, кој и дефинитивно останува последнопласиран тим на табелата, со два бода помалку од Вардар и Воска.
Токму овие два тима денеска играа меѓусебна пресметка во Охрид, но Воска и Вардар одиграа еден неатрактивен и досаден меч, во кој мрежите мируваа и заврши со резултат 0:0.