Фудбал

ПМФЛ: Вардар го совлада шампионот Струга

ПМФЛ: Вардар го совлада шампионот Струга

Денеска во 26 коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се одиграа пет натпревари во кои фаворитите имаа лош ден.

Aктуелниот шампион Струга Трим Лум на стадионот „Борис Трајковски“ – Маџари, Скопје, загуби со 1:0 од Вардар.

Единствениот гол за скопските „црвено-црни“ го реализираше српскиот интернационалец Ѓуриќ во 73 минута.

Новиот тренер на Брегалница Трајче Сенев имаше одлично деби откако неговите играчи на Градскиот стадион во Штип со 1:0 го совладаа Шкупи со погодокот на Ѓоргиев во седмата минута.

Македонија Ѓорче Петров ремизираше со Шкендија (1:1), а истиот резултат го имаше и на натпреварот Воска Спорт – Работнички. На последниот дуел на кој имаше најмногу погодоци, Тиквеш со 3:1 ја надигра Брера Струмица.

Табела: Струга Трим Лум 54 бодови, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера Струмица 30, Вардар 29, Работнички 28, Воска Спорт 28, Македонија ЃП 25, Брегалница Штип 25.

 

 

To top