Фудбалерите на Силекс денеска остварија минимална победа над Вардар (1:0), но истата беше доволна да се искачат на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Тимот од Кратово го завршува првиот дел од сезоната на највисоката позиција, а до денешниот триумф стигна со голот на Ефтимов, постигнат во првото полувреме.
Ремито на Шкендија со Гостивар (0:0) го искористи и Работнички, кој со победата 3:0 против Пелистер, стигна до 37 бодови, исто колку што имаат Силекс и Шкендија, но со послаба гол-разлика.
Гостивар останува зад ова трио, а во издвоената петорка е и Струга, која денеска ја победи екипата на Воска Спорт со 2:1.
Шкупи со минимални 1:0 ја совлада Беса, додека Тиквеш оствари важна победа против Брера и ќе го очекува вториот дел од сезоната надвор од опасната зона.