Два нови натпревари се одиграа попладнево во Струга и Куманово, од премиерното коло на новата сезона во ПМФЛ. Воведувањето на ВАР технологијата се покажа како важно, па во Струга беше поништен гол, а во Куманово пенал.
Екипата на Струга Трим Лум со головите на Компаоре, го совлада повратникот во прволигашката конкуренција Македонија Ѓорче Петров со 2-0.
Уште од самиот почеток домашниот состав тргна офанзивно. Стружани постојано притискаа кон голот на ѓорчепетровци. Создадоа домаќините неколку шанси, кои не успеаја да ги реализираат. Најзрелата на имаше Компаоре во 42.минута.
Иако ја затресе мрежата на „лавовите“ сепак по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради претходно играње со рака.
Сепак во четвртата минута од судиското дополнение голот на Компаоре беше регуларен, па Струга поведе со 1-0.
И во второто полувреме иста слика на теренот, а на нов гол се чекаше се до 73.минута, кога повторно Компаоре се запиша во листата на стрелци за конечни 2-0.