Фудбалерите на Тиквеш извојуваа повеќе од значајна победа во битката за издвојување од последните позиции на табелата во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 1-0 против АП Брера во 15. коло.
Низ еден рамноправен натпревар, кавадарчани заслужено дојдоа до победата искористувајќи ги своите моменти на мечот за да дојдат до посакуваните три бода.
На снежниот терен во Кавадарци, творец на победата на домашните беше Стоименовски во 71.минута со убавиот погодок со глава по нафрлањето од прекин од десната страна.
Претходно завршија натпреварите во Чаир и на комплексот на ФФМ во Скопје. Шкупи славеше против Македонија ЃП со 1-0, а Работнички ремизираше без голови со Гостивар.