Фудбал

ПМФЛ: Шкендија чекори кон титулата, победа на Вардар

ПМФЛ: Шкендија чекори кон титулата, победа на Вардар

Шкендија денешната дерби победа над Шкупи покажа дека „црвено-црните“ се зрели за титула.

Тетовскиот тим речиси цела сезона беше на третото место и им гледаше во грб на Струга и Шкупи, но откако ги искористи нивните киксови минатото коло, сега цврсто зачекори кон трофејот.

Во директната пресметка за врвот, Шкендија оствари огромна победа на Чаир и го победи Шкупи со резултат 0:2, па по се изгледа и го отпиша скопскиот тим од битката за титулата.

Со триумфот од 0:2, Шкендија сега има три бода повеќе од Шкупи на две кола пред крајот, што значи дека сега реален ривал за титулата е Струга која успеа минимално да слави денеска над Гостивар.

Победата од 1:0 го остава бранителот на титулата во игра за највисок пласман, бидејќи двата тима сега имаат ист број бодови (61), но тетовскиот тим е оној кој има се во свои раце.

Со денешните резултати, Работнички е тим кој обезбеди прволигашки статус на две кола пред крајот, Воска оствари важна победа над Тиквеш од 2:1, додека Вардар по се изгледа ќе игра бараж.

Македонскиот великан денеска ја победи Македонија Ѓорче Петров со гол постигнат во 93-та минута (1:0), но и натаму има пет бода помалку од Воска и Гостивар, односно три помалку од Брера која денеска падна на 9-то место.

Стрелец на голот за Вардар беше дефанзивецот Ѓуриќ, а овој гол значеше дека Македонија следната сезона ќе биде второлигаш.

Шкупи – Шкендија 0:2

АП Брера БР – Брегалница  1-1

Струга ТЛ – Гостивар 1-0

Воска Спорт– Силекс 2-1

Работнички – Тиквеш 3-1

Вардар – Македонија Ѓорче Петров 1:0

To top