Фудбал Првата македонска фудбалска лига

ПМФЛ: Мојсов ја напушти клупата на Тиквеш

По десет одиграни кола, Тиквеш е деветтото пласиран на табелата со осум бодови, пред следниот дуел против Пелистер на 30 ноември на гостински терен.

ПМФЛ: Мојсов ја напушти клупата на Тиквеш

Фудбалерите на Тиквеш ќе ја продолжат сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со нов тренер, откако клупското раководство вечерва ја прифати оставката на досегашниот шеф на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов.

Оставката на Мојсов по денешниот пораз на Тиквеш во Кавадарци од Арсими со 4-3 во рамки на 10 коло во ПМФЛ.

„По денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, помошниот тренер Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Орешков, како резултат на неочекувано слабите резултати оваа сезона. Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК Тиквеш, особено на Мојсов и Орешков со кои клубот го постигна историскиот успех и им посакуваме успех во нивните кариери“, се наведува во клупското соопштение.

По десет одиграни кола, Тиквеш е деветтото пласиран на табелата со осум бодови, пред следниот дуел против Пелистер на 30 ноември на гостински терен.

Во соопштението на кавадаречкиот прволигаш се наведува дека „клубот е во преговори за ангажман на нов стручен штаб кој ќе го предводи клубот во иднина“.

С О О П Ш Т Е Н И Е
После денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од…

Posted by ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci on Петок, 24 октомври 2025

To top