Фудбал

ПМФЛ: Брера Струмица сo триумф над Вардар

ПМФЛ: Брера Струмица сo триумф над Вардар

Екипата на Брера Струмица одлично ја започна новата сезона, со победа над Вардар од 3-1 на домашен терен во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Струмичани заслужено се радуваа на три бода на стадионот „Благој Истатов“ и ја забележаа петтата домашна победа по ред над најтрофејниот колектив.

Уште во втората минута Брера го отвори резултатот со голот на Ивковиќ, а Вардар по половина час израмни на 1:1 преку Закариќ. Ивковиќ постигна уште еден гол, а конечните 3:1 ги постави Нигериецот, Олаосебикан.

Второто полувреме помина целосно во знакот на Брера која создаде неколку прилики и Вардар можеше да прими уште некој гол повеќе.

 

 

To top