Фудбал Резултат 2-1

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Силекс – Шкупи и Македонија ЃП – Работнички.

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

Во дерби натпреварот од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Брера попладнево во Струмица му нанесе пораз на актуелниот шампион Струга од 2-1.

Во преостанатите три натпревари од денешната прволигашка програма, Вардар претрпе пораз на домашен терен од директниот конкурент во борбата за опстанок Воска (1-2), Гостивар ја совлада Брегалница (1-0), а Шкендија ги освои трите бодови во дуелот со Тиквеш (1-0) и бодовно се израмни со лидерот на табелата Шкупи.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Силекс – Шкупи и Македонија ЃП – Работнички.

Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 20, Брера 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Работнички 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11. (МИА)

 

To top