Со двата натпревари кои се играа во Кавадарци и Куманово, попладнево стартуваше 10.коло во ПМФЛ. Вкупно 12 голови беа постигнати, а три од нив беа дело на фудбалерот на Арсими, Шефити кој оствари хет-трик.
Фудбалерите на Тиквеш пропуштија голема шанса да се израдуваат на само третата првенствена победа. Кавадарчани два пати имаа два гола предност против Арсими се до 84-тата минута, но Арсими славеше со 3-4. Кавадарчани беа поконкретни во текот на целиот натпревар, а победата ја најавија преку Садики кој за само трио минути во првиот дел (38 и 41) постигна два гола.
По само две минути игра во второто полувреме, гостите намалија на 2-1, а со првиот гол на Шефити на натпреварот. Сепак, во 53.минута Ивановски повторно ја врати предноста на кавадарчани на два гола, сега за 3-1.
Сепак, Шефити двата ново гола (84 и 87) ја направи завршницата неизвесна. И тука не застанаа гостите, бидејќи Таиф во четвртата минута од судиското дополнение му донесе победа на гостинскиот тим.
На натпреварот во Куманово составот на Башкими имаше лесна задача бидејќи беше домаќин на Шкупи кој и во десеттиот натпревар претрпе пораз.
До петтиот свој триумф Башкими стигна со конечни 4-1. Стрелци на головите за победничката екипа беа: Филип Алексовски (14.минута), Марко Симоновки (25), Аворнио (45+6) и Хаџиќ (54). Голот за гостите го постигна Шука (41)
Дербито на ова колото меѓу Шкендија и Вардар ќе биде последно и ќе се игра во понеделник, а утре и задутре на програмата се другите три натпревари.