Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го сподели своето мислење за поддршката од навивачите на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд.
– Ќе кажам само едно, Во Дортмунд, Борусија го имаше „Жолтиот ѕид“, но тие не знаат што ги чека на „Сан Сиро“. Сигурен сум дека нашите навивачи ќе ни помогнат да дојдеме до целта. Што се однесува до Милан, сакам да видам тим кој ја покажува својата уникатност и се што може да направи. Секогаш играме на победа и мислам дека тимот го докажа тоа, изјави Пиоли на прес-конференција.
Натпреварот помеѓу Милан и Борусија Дортмунд ќе се одигра во Милано вечер со почеток во 21 часот.