Фудбал сè уште има шанси за пласман во плејофот

Пиоли: Навивачите на Милан имаат право да бидат лути

Пиоли: Навивачите на Милан имаат право да бидат лути

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, даде свое видување за синоќешниот пораз (1:3) од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

– Го загубивме натпреварот кога можевме да го насочиме според нашето сценарио. Така беше со пеналот, така беше една минута пред нивниот втор гол, кога можевме да поведеме. Кога нема да постигнеш гол и веднаш после тоа примаш, тоа ти го крши духот. Загубата на Тиао секако влијаеше на рамнотежата на одбраната. Требаше подобро да се браниме. Разочарувачка вечер. Знаевме дека имаме одлична можност и тоа ни тежеше. Сега наша должност е да одиме во Њукасл, да одиграме добар натпревар и да се обидеме да победиме. Имаме уште мали шанси за плејоф. Тешко е да се најдат зборови. Мислам дека на навивачите не им треба никаква порака. Тие имаат право да бидат лути, да се чувствуваат разочарани, а ние имаме обврска да играме подобро затоа што денес не се претставивме како што сакавме, изјави тренерот на Милан за „Sport Mediaset“.

На едно коло пред крајот во Ф-групата, Борусија Дортмунд е лидер со 10 бода, ПСЖ има седум, Њукасл и Милан собраа по пет бода.

To top