Фудбал

Пикси: Павловиќ колабираше, па го враќавме во живот

Пикси: Павловиќ колабираше, па го враќавме во живот

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси воедно обелодени дека на мечот со Словенија имало и непријатни моменти и тоа на паузата меѓу двете полувремиња, а причината за тоа е високата температура.

-Натпреварот се играше во 15:00 часот и на полувремето паднаа двајца-тројца играчи, колку беше тешко да се трча, да се бориш, вратиш психички по голот што беше постигнат по наша грешка. Павловиќ колабираше, па го враќавме во живот, беше навистина тешко.Гледам дека ми е жешко, претпоставувам дека ќе се онесвестиме од големата топлина. И на нас, а и на нив не им беше лесно, истрчаа 111 километри што е добра бројка, тие 113. Знаете ли која е причината? Ја имавме топката, тие мораа да трчаат, -истакна Пикси.

To top